Момците од „Либеро бенд“ неодамна се вратија од Шпанија, каде снимаа спот за најновата песна која повторно беше работена со проверена и докажана балканска музичка екипа.

Спотот и овојпат го работеше Ведад Јашаревиќ и неговата „Wave“ продукција, која застанаа и позади видеото за претходната песна „Твој сум“, односно „Твој сам“.
Музиката за новата песна е на момците од бендот, додека текстот за македонската верзија го напиша Елвир Мекиќ. Текстот за српската верзија е на Јелена Трифуновиќ, а аранжанот на Валентино Скендеровски.
Официјалната промоција на спотот овој пат ќе се случи на интернет, на 01 јуни, точно во 18 часот, а спотот ќе биде објавен на „youtube“ каналот на продукцијата „Wave“.