ЛИ2017/ Зоран Илиоски: Бесплатни парцели за млади семејства за изградба на сопствен дом

Ќе градиме населби за нашите деца. Имаме програма за тоа како треба да се грижиме за младите во општина Битола, истакна Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник во Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

– Ќе обезбедиме парцели во старата битолска касарна со површина од 200 квадратни метри  кои на младите семејства ќе им бидат дадени без надоместок за да изградат сопствен дом. Конкретно, една куќа од 50 до 100 квадратни метри, без давачките кои во нормална постапка треба да се платат, би чинела од 17.000 до 35.000 евра. Оваа конкретна мерка е добро планирана и остварлива. Ова е начинот како треба да се грижиме за младите во општина Битола, посочи Илиоски.