ЛИ2017/ Во Штип утре ќе гласаат болните и осудениците

Општинската изборна комсија (ОИК) – Штип се подготвува за утре, кога гласаат болните и изнемоштените лица и осудениците во затворот Штип, изјави на денешната прес-конференција претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

Во Штип утре своет право на глас ќе го искористат 88 болни и изнемоштени лица.

– Верувајте дека организацијата оди добро, ниту еден избирачки одбор нема да биде оставен да чека многу, да се случат некои непредвидени ситуации, кои би направиле проблеми. Се е добро организирано, а избирачките одбори утре од осум часот почнуваат со преземање на избирачкиот материјал, вели Андреева.

Таа истакна дека избирачкото место во затвор Штип ќе биде отворено во седум часот, а се затвара во 19 часот.

– Имаме 229 гласачки личвчиња или толку осуденици ќе гласаат во Затвор-Штип, рече Андреева.

Во Штип има 80 избирачки одбори а право на глас имаат 42.083 гласачи. Граѓаните своето право на глас ќе можат да го остварат на 15 октомври, а гласачите места ќе бидат отворени во седум часот.