ЛИ2017/ Во ОИК на Крива Паланка и Ранковце пристигна изборниот материјал

Во општинските изборни комисии на Крива Паланка и Ранковце пристигна доверливиот изборен материјал, доставен од Државната изборна комисија, а во тек е неговото сортирање и контрола.

– По приемот од страна на ДИК, општинската изборна комисија во комплетен состав врши втора контрола и сортирање на материјалите по избирачки места. Во општината има вкупно 47 избирачки места на кои 17.144 гласачи ќе можат да го остварат своето избирачко право, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.

Правото на глас в сабота во домашни услови ќе го остварат 198 граѓани од општината, кои поднеле барања и им биле одобрени да гласаат како изнемоштени и болни лица.

– Во текот на утрото, во присуство на претставници од политичките партии, како и претставници од Граѓанска асоцијација МОСТ е примен доверливиот материјал и во моментот се распоредува, информира Даниел Крстевски, претседател на ОИК во Ранковце.

Во општина Ранковце право на глас имаат 3.094 граѓани, а во домашни услови во сабота ќе гласаат 64 лица.