ЛИ2017/ ОИК на Кочани и Виница подготвени за гласање

Во Општинските изборни комисии на Кочани и Виница денеска беа доставени доверливите изборни материјали.

Во општина Кочани наместо на 63 ќе се гласа на 62 избирачки места, при што 33.264 гласачи треба да го остварат своето гласачко право. Избирачкото место број 894 во село Речани е ставено во мирување, а гласачите се пренасочени да гласаат во ибирачкото место во село Костин Дол.

Добиени се изводи од избирачкиот список за 62 избирачки места, како и 59 посебни изводи од избирачкиот список за гласачи кои се иселени. ОИК Кочани информира дека се прифатени 92 барања за гласање на болни и изнемоштени лица кои своето право на глас ке го остварат во своите домови.

Во општина Виница ќе се гласа на 33 избирачки места, а своето право на глас треба да го остварат 17.354 гласачи. Добиени се изводи од избирачкиот список за 33 избирачки места, како и 32 посебни изводи од избирачкиот список за гласачи кои се иселени. Вкупно 81 барање е прифатено за гласање на болни изнемоштени лица во општина Виница, кои своето право на глас ќе го дадат во сабота во своите домови.