ЛИ2017/Кандидатите за градоначалник на Скопје ќе потпишат изјава за „Платформата за чист воздух“

Изјава за почитување на „Платформата за чист воздух“ треба да потпишат денеска кандидатите за градоначалници на Скопје.

„Платформата за чист воздух“ до кандидатите за градоначалници ја достави граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух, а содржи пакет мерки и барања кои идниот градоначалник на Скопје сериозно ќе ги има предвид и ќе стори се што е во негова моќ да ги реализира во рамки на неговиот/нејзиниот мандат.

– Задоволни сме што нашите барања беа сериозно разгледани и дека кандидатите за градоначалници на Скопје ја дадоа својата поддршка, која ќе ја потврдат на денешното официјално потпишување на изјавата, велат од О2 коалицијата за чист воздух.