ЛИ 2017/ Алексовски најави решавање на водоснабдувањето во село Конопница

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски носителот на листа за советници од коалицијата Игор Тодоровски и кандидатите за советници синоќа го посетија село Конопница каде остварија средби со жителите и најавија трајно решавање на проблемот со водоснабдување.

– Направивме инфраструктурно поврзување на село Конопница со главниот пат А2, како и внатрешно поврзување на селото. Во наредниот период ќе се изгради канализација и ќе направиме спој на резервоарот „висока зона лев брег“ со водоводот за решавање на проблемот со водоснабдување, а планирано е и сублимирањевна сите мали водоводи во еден регуларен и високо-функционален водоводен систем, рече Алексовски.

Покрај овие проекти со програмата „Доаѓа нова ера” на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за локални избори 2017 предвидено е и асфалтирање на патот Лиска-Стублица-спој со магистралата А2.