ЛЕВАНТЕ СО КОНКРЕТНА ПОНУДА ЗА БАРДИ

Шпанскиот прволигаш Леванте достави конкретна понуда до Ујпешт за македонскиот репрезентативец Барди. Додека медиумите шпекулираат кој клуб го сака во своите редови, па во тој поглед се споменуваат сите европски клубови, па дури и оние од самиот врв, Леванте испрати конкретна понуда за македонскиот репрезентативец. Новиот шпански член на “Ла Лига” понуди 1,5 милиони евра обештетување на Ујпешт и 10% од евентуалниот следен трансфер. Освен конкретната понуда шпанците играат и на картата желба на Барди да се пресели во Шпанија. Имено, Барди донесе конечна одлука дека својата фудбалска кариера сака да ја продолжи во Шпанија и дека парите не играат пресудна улога.

Единствен проблем во целата оваа ситуација е желбата на Видеотон да го види во своите редови. Најдобриот Унгарски клуб нуди и повеќе пари од Леванте, а ја има и наклоноста на претседателот на државата Виктор Орбан, кој го користи својот авторитет за да му помогне на Видеотон.