ЛДП: Да не се заборават граѓаните од поплавените подрачја

Членови на Либерално-демократската партија (ЛДП) по повод велигденските празници посетиле семејства зафатени од поплавите во селото Стајковци и, како што стои во денешното соопштение, ги потсетува институциите граѓаните од поплавените подрачја да не бидат оставени без поддршка.

– ЛДП преку посетата сака да ги потсети надлежните институции, кои се се уште раководени од техничката влада, дека имаат законска и морална обврска за помош во овие подрачја и засегнатите граѓани не смеат да бидат оставени без поддршка, се наведува во партиското соопштение.

Граѓаните од Скопје и околината кои настрадаа во ланските поплави, смеаат од партијата, не треба да бидат заборавени ниту од институциите, ниту од хуманите граѓани.

– За жал, дури и по девет месеци од водената стихија, добар дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите и последиците од уништените домови, стои во соопштението.