ЛАЗОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЖЕНСКАТА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Марјан Лазовски е поставен за нов селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија. За него ова е ново искуство со оглед на тоа дека досега работел само со кошаркари, вклучувајќи ја и машката кошаркарска селекција.

– Ова за мене е нов предизвик, ново искуство, но сметам дека некоја поголема разлика меѓу машката и женската кошарка нема. Мислам декам жените се поисполнителни, подисциплинирани и дека ѓе успееме да направиме атмосфера која ќе донесе успех- изјави Лазовски.

По три години КМФ повторно ја активира женската кошарка. Во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП 2019 година, ќе се одржи и турнирот “Трофеј на Македонија”, на кој ќе учествуваат и репрезентациите на Бугарија и Босна и Херцеговина.

Ждрепката за групите за квалификациите за ЕП 2019 година ќе се одржи на 4 јули во Минхен.