Изјава од одржаните состаноци на синдикатот на Единицата за брзи интервенции „Лавови“

Поради сериозноста на политичката ситуација во Република Македонија чувствуваме потреба да се обратиме до македонските граѓани. Не завземајќи ниту една од страните на политичките партии, ќе бидат прозвани и искритикувани  сите без исклучок, вклучувајќи го и претседателот на државата, бидејќи завземениот став на Единицата „Лавови“ е само и исклучиво за интересите на Република Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивната верска, расна, политичка или етничка припадност.

1.Го повикуваме претседателот на Р.Македонија, иако со задоцнување,  да го повика амбасадорот на Р.  Албанија  и од него да побара јавно извинување во име на Р. Албанија  за мешањето во внатрешните работи на Р. Македонија и итно отфрлање на Тиранската платформа. Во спротивно амбасадорот на Р. Албанија веднаш да биде протеран од нашата држава.

2.Албанските партии да престанат со националистичка реторика и да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите во Република Македонија  и да се откажат од утопистичката идеја за Голема Албанија. Треба да знаат дека унитарноста и независноста на државата со живот ќе ја браниме.

3.Бараме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите.

Им порачуваме на политичарите дека ќе спречиме братоубиствена војна и поделба на државата заради политички цели и интереси.

Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија