Со концерт кој се случи вчера вечер со почеток во 19 часот во големата сала на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од овој град, одбележа 70 години од своето постоење.

„Чест ми е да ги поздравам сите граѓани на Прилеп по повод нашиот голем јубилеј, 70 години постоење на КУД „Мирче Ацев“ и многу сум среќен што сме во толку голем број вечерва во оваа сала. Посакувам многу здравје и успеси и понатаму“ посочи Атанас Гагалески, претседател на КУД „Мирче Ацев“.

Градоначалникот Марјан Ристески им го честита големиот јубилеј посакувајќи им многу здравје и среќа истакнувајќи дека ова друштво претставува вистински бренд на градот и земјата.

Гости на вечерта на концертот на КУД „Мирче Ацев“ за овој јубилеј беа КУД „Темпет“ од Макарска, Хрватска.