Краткиот филм „Амби“ во официјална селекција на фестивалот Холишортс

Краткометражниот игран филм „Амби“ по сценарио и режија на Марија Апчевска влезе во официјална селекција на 13. Филмски фестивал Холишортс (HollyShorts Film Festival), кој ќе се одржува од 10-ти до 19 август 2017 во Калифорнија.

Продуцент е Квазер филм, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Горан Вуќиќ, сценографијата на Кирил Спасески, костимите ги изработи Раде Василев, а музиката  Александар Пејовски и Дарко Спасовски.

Улогите ги толкуваат Димитрија Марковски, Антонија Белазелкоска и Владимир Тулиев. Филмот е финансиски поддржан од  Агенцијата за филм на Република Македонија.

Холишортс е еден од најважните фестивали за краток игран филм во САД. Проекциите се одржуваат во познатата киносала Chinese Theater.