Британската кралица Елизабета Втора и формално го потврди Законот со кој Владата се овластува да започне разговори за излез на земјата од ЕУ.

Во соопштението што го објави претседателот на Парламентот Џон Берков потврдено е дека премиерката Тереза Меј може во кој било момент го активира членот 50 од Лисабонскиот договор за излез од европскиот блок.

Обата дома на британскиот Парламент претходно го усвоија Законот. Од предлог законот се исфрлени два амандмани кои претходно ги усвои Домот на лордовите, со кои се бараше заштита на правата на европските граѓани во Велика Британија и дека Парламентот го има последниот збор за финалната спогодба со Брисел. Во конечната верзија до Законот, овој Дом сепак се повлече од нив.