КОСОВО КАЗНЕТО СО 1000 ЕВРА

Косовската кошаркарска федерација е казнета со 1000 евра поради исвиркувањето на Македонската химна на предквалификацискиот натпревар меѓу Косово и Македонија. Ваквата одлука ја донесе ФИБА и слободно може да се рече е повеќе симболична отколку сериозна.

На натпреварот што се играше во Приштина на 2. август, Косово забележа историска победа, совладувајќи ја Македонија со 88 – 72.

Возвратниот дуел меѓу двете репрезентации ќе се игра в сабота во Скопје.