КОШАРКАРСКИОТ “ПЛЕЈ ОФ” СЕ БЛИЖИ ДО ФИНАЛЕТО

Екипите на Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром се наоѓаат на чекор од финалето на “плеј оф” натпреварите. Имено, по нивните победи над Работнички, односно Куманово, им недостасува само по уште една победа за да се најдат во големото финале.

Во првиот натпревар, во Куманово, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Куманово со 93-88 и поведе со 2-0 во дуели.

Во втората средба Карпош Соколи успеа да го победи Работнички со 90-79 и исто така дојде до втората победа во меѓусебниот дуел. Третите мечеви би можеле да бидат и последни од оваа серија, а се играат на терените на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички.