Концерт на пијанистките Татјана Џорлева и Ана Гацева на ФМУ

Концерт на четирирачно пијано ќе одржат вечер уметниците Татјана Џорлева и Ана Гацева на Факулетот за музичка уметност.

На концертот првпат во Македонија ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џорџ Лигети и Ерик Сати.

Концертот е дел од манифестацијата „Есенски музички свечености”. Влезот е слободен.