Конференција за општествено одговорни бизниси – акција за клима

Во рамки на климатскиот проект „CityTree“, денеска во Тетово ќе се одржи тркалезна маса на тема  „Општествено одговорни бизниси – акција за клима“, во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест.

На конференцијата ќе се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.