Конференција за односите меѓу Вишеградската група и Западен Балкан

Конференција за соработката и односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан организира денеска Аналитика тинк тенк во соработка со Амбасадата на Полска во Скoпје и Центарот за истoчни студии.

На отворањето на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?”, како што е најавено, ќе се обрати амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски.

Конференцијата е поделена во две сесии, една за односите на Вишеградската група во Централна Европа и втората за Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

За разликите во заедничката кооперација пред и по пристапувањето во ЕУ на земјите од В4, решавањето на регионални предизвици, несогласувањата и разликите и за актуелните презвици во соработката меѓу земјите од Вишеградската група ќе зборуваат Микаел Коран од Институтот за меѓународни односи во Прага, Матеуш Гњаздовски од Центарот за источни студии во Варшава и Томаш Стражај од Словачката асоцијација за надворешна политика во Братислава.

Во делот за односот на земјите од Вишеградската група кон Западен Балкан и каков ефект има мигрантската криза на соработката меѓу Вишеградската гурпа и земјите од Западен Балкан ќе говорат Метуз Серока од Центарот за источни студии во Варшава, Ана Ороз од Институтот за меѓународни работи и размена во Будимпешта, Стево Пендаровски професор од Скопје и Јарослав Вишниевски од Лондонската школа за економија.