Отварањето на изложбата е на 21 март во 20:30 часот во Порта Македонија.

Да го живееш животот со полна страст, доживувајќи го до пред екслопзија на интензитетот на бојата, бара голем чекор кој ќе овозможи сеопфатен дискурс на  сите нешта околу себе, на сите хоризонти.

Ликовната естетика на Цветанка Јованова во новиот циклус претставува навидум дискретна ликовна естетика, стишена, мирна, која пулсира одвнатре и ни ги објаснува силните колористички спротивности и сличности. Линиите вибрираат, формите се претопуваат и преклопуваат една во друга, секоја со своја скриена порака, дискретна овој пат, што можеби произлегува од личните естетски сознанија.

Сликите на Цветанка Јованова се изградени со иста значајност на ликовните принципи и елементи, што овозможува градење на композиција, израз, идентитет, доведена до нагласување на симбол, знак, збор, порака, искористени во целост на композицијата, а се во потрага за точна содветна црта – линија, создавајќи ликовна претстава.

Сепак доминацијата е во линијата која и кога се губи или грубо појавува е децидна, точна и е императивот во ликовниот израз на Цветанка Јованова.

Без материјален, само имагитивен свет кој не завршува бидејќи е свет создаден и преполн со мистика, метафора, порака и метафизика.

Тој свет ни го претставува пристапот на Цветанка Јованова како длабок, аналитичен свет, кој разнасјува а интригира а истовремено разоткрива ќи ги сите вечни и секојдневни прашања.

Касиопеја Нумоска

Што значи тоа кога ќе кажете „само бидете свои?“
Како можам да бидам свој кога не знам „КОЈ СУМ?“
~ Цветанка Јованова

Секој трага по нешто невообичаено, нешто инзонредно. Тоа е потрага на егото, да се биде некој кој е специјален, да се биде некој кој е уникатен. Колку повеќе се трудиме да бидеме исклучок, се повеќе сме пообични. Ако станеме обични, самата потрага да се биде обичен е извонредна, зошто ретко некој сака да биде никој, ретко кога некој сака да биде само празен, неисполнет простор. Кога ќе станеме обични, ние стануваме извонредни и одеднаш откриваме дека без потрага сме станале уникатни. Во таа потрага, дојдов во контакт со себе, празен простор без почеток без крај. Тоа е вечна љубов, безвремено постоење. Го пронајдов битието, спознав Кој сум Јас!

Постоењето, животот или битот е неманифестирана стварност на се што постои, што живее или е. Тој е вечен и неограничен, тој е извор на целото време, простор.

Јас сум Тој вечен Бит, Ти си Тој вечен Бит, СЕ во својата суштинска природа е Тој вечен Бит. Оние чии што срца и умови не се развиени ги приметуваат единствено површинските вредности на животот. Целта на изложбата е насочување на вниманието на она што не е важно што правиме. Она што е важно е како го правиме тоа – со сопствена волја, според сопствената визија, со својата сопствена љубов.

Целокупната креација е поле на свести во различни облици и појави. Свеста е зрачење од центарот на чистиот Бит.

Facebook настан: https://www.facebook.com/events/1169788366463217/