КЛИВЛЕНД ЈА ПОВЕДЕ СЕРИЈАТА

HOUSTON, TX - MARCH 1: LeBron James #23 of the Cleveland Cavaliers during the game against the Houston Rockets on March 1, 2015 at the Toyota Center in Houston, Texas. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2015 NBAE (Photo by Bill Baptist/NBAE via Getty Images)

Кошаркарите на Кливленд, убедливо го совладаа Бостон со 117-104 и поведоа во финалето на Источната конференција во НБА лигата со 1-0. Коњаниците во ниту еден момент не дозволија Томас и колегите да дојдат во ситуација да ја доведат нивната победа во прашање.

Особено нерешлива енигма за гостите од Бостон беа Леброн Џејмс и Кевин Лав. Првиот постигна 38 поени, а Лав 32 или вкупно двајцата имаа скор од 70 поени.

Кај гостите се истакнаа Ејвери Бредли, Џае Краудер и Ајзеа Томас.

Дека Кливленд и оваа сезона ќе биде најсериозен конкурент за освојување на шампионскиот прстен, или поточно дека е многу поблиску до големото финале, зборува и фактот што оваа висока победа е забележана на теренот на противникот, односно во Бостон. Следниот дуел на овие две екипи се игра повторно во Бостон, а потоа серијата се сели во Кливленд.