КЛИВЛЕНД БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ХАРДЕН

Благодарение на Џејмс Харден, кој беше едноставо нерешлива енигма за противничките кошаркари, Хјустон го доби дербито на Источаната конференција на НБА – лигата против Кливленд, со резултат117-113.

Популарниот “брада”, имаше “трипл дабл” учинок на оваа средба. Постигна 35 поени, 11 скока и 13 асистенции, а ако на тоа се додадат и петте “украдени” топки станува јасно каде лежи клучот за победата на Хјустон.

На Кливленд не му помогнаа ни 33. поени, 4. скока и 7. асистенции на нивниот најдобар кошаркар Леброн Џејмс, кој играше добро, но исто така имаше и 9 “загубени” топки.

Ова беше деветта победа на Хјустон, а седми пораз на Кливленд во оваа сезона.

Победа извојува и Денвер на гостувањето на Оклахома со 102-94, Вашингтон го совлада тимот на ЛА Лејкерс со 111-95, Торонто го победи Њу Орлеанс со 122-118, а Сакраменто славеше над Филаделфија со 109-108.