КАВАНИ МОЛЧИ ЗА НЕЈМАР

Фудбалерот на ПСЖ, Единсон Кавани, беше воздржан за прашањата на француските новинари кои беа во врска со неговиот однос со бразилецот Нејмар. Во врска со тоа тој само кратко изјави:

-Такви работи се случуваат и во други клубови, но овој доби многу поголем публицитет. Очигледно некој сакаше да извлече уште нешто повеќе од ова. Ние недоразбирањата ги решивме во соблекувалната, така треба да се прави тоа. Сега е се во ред, а најважно е што и двајцата имаме иста цел. Нема да ви кажам каков однос имаме сега со Нејмар.

Кавани и Нејмар се скараа пред извесно време кога Кавани не сакаше да му дозволи на Нејмар да изведе удар од белата точка. Сепак по состанокот со клубот работата се смири.