КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАЗ ОД ШВЕЃАНКИТЕ

Женската ракометна репрезентација на Македонија катастрофално е поразена во Шведска од соодветната селекција на оваа земја, во реванш натпреварот за пласман на СП во Германија.

Откако беше поразена во првиот натпревар што се одигра во Скопје (20-31), македонската селекција одигра уште послабо во Шведска. Поразот од 46-27 од селекција која и не е во самиот врв на светскиот и европскиот ракомет доволно зборува за тоа каква иднина не очекува. Очигледно е дека на женскиот ракомет во Македонија му се дава второстепено значење. Грешките се направени уште пред 5-6 години, откако во Металург кој важеше за расадник на женски ракометарки беше речиси избркана цела една генерација талентирани ракометарки. Но тоа е друга приказна. Факт е дека женскиотв ракомет ни е слаб а како стојат работите не се гледа светло на крајот на тунелот. Ракометната федерација на македонија треба веднаш да преземе мерки. Ако селекторот Симевски не поднесува оставка по овој неуспех, што е во секоја земја нормален чин тогаш таа треба да му биде врачена. Што се однесува до РФМ веќе доцни со мерките за спас на женскиот ракомет во Македонија.