КАРПОШ СОКОЛИ ГО ИЗРАМНИ РЕЗУЛТАТОТ

Екипата на Карпош Соколи го израмни резултатот на 1-1 во финалето на плеј оф натпреварите во кошарка, по кои ќе се добие и шампионот на Македонија. Во вториот натпревар тие го совладаа МЗТ Скопје Аеродром со 104-93 и навестија неизвесно финале до самиот крај.

Рамноправен дуел меѓу овие две екипи на оваа средба се водеше само во првата четвртина, меѓутоа веќе во втората домашните направија недостижна разлика од 18  поени (60-42).

Во третата и четвртата четвртина се водеше релативно израмнета борба. На домашните им припадна третата а на гостите од Аеродром четвртата, па конечниот резултат е и реален однос на силите на оваа средба.

Најдобар во редовите на Карпош Соколи беше Драган Лабовиќ со 24 поени и 10 скока, а кај МЗТ Скопје Аеродром најпрецизен беше Јуре Лалиќ со 16 постигнати коша.