КАКО-ТАКА, РЕАЛ ПОЛУФИНАЛИСТ

По 90 регуларни минути игра и две продолженија, со неколку контроверзни одлуки на судиите, Реал од Мадрид успеа да го елиминира Баерн од Минхен од Лигата на шампиони. Вкупниот резултат гласи 6-4 за кралевите или 2-1 во Минхен во корист на Реал, 1-2 во Мадрид во корист на Баерн и 2-0 во судиското продолжение, со што и дефинитивно е ставен крај на оваа би се рекло “епска” битка на два големи фудбалски гиганти.

Препукувања има, и нема да стивнат уште долго време. Дали било или не било офсајд, дали судијата Виктор Касаи донел правилна одлука или не кога не досудил два очигледни офсајда на Кристијано Роналдо, дали директнио влијаел на пласманот на “кралевите” во полуфиналето и т.н, се е веќе неважно. Патникот меѓу четирите најдобри екипи на “стариот континент” е Реал од Мадрид. Од сите оние кои коментираат во врска со оваа средба, веројатно најискрена и најсоодветна изјава за се што се случува на фудбалските, а ние би додале и не само на фудбалските туку воопшто на спортските терени е онаа на Реаловиот напаѓач, Иско.

-Судиите некогаш даваат некогаш земаат. Во Минхен на првата средба исто така беше досуден непостоечки пенал за Баерн, но тие не го искористија. Одиме понатаму, не очекуват следни предизвици – вели Иско.