Јавни расправи за предлог-стратегијата во културата 2018-2022 во градови низ Македонија

logo - MK1

По трите јавни расправи во Скопје за предлог-стратегијата во културата 2018-2022, Министерството за култура ќе организира дискусии за овој значаен документ уште во  неколку градови низ Македонија. Целта е расправата да се децентрализира и да се слушнат што повеќе мислења и сугестии од засегнатите страни.

Циклусот јавни расправи по градови почна во Струмица, следуваше Штип, а денеска дебата се одржува во Битола.

Следни термини за јавна расправа за предлог-стратегијата во културата се:  14 ноември во Куманово (Центар за култура во 13 часот), 16 ноември во Велес (Ликовен салон во 11 часот), 17 ноември во Тетово (Центар за култура во 13 часот), 21 ноември во Прилеп (Центар за култура во 13 часот),  23 ноември во Охрид (хотел „Нова ривиера“ во 12 часот) и на 24-ти и 29 ноември во Струга односно Кавадарци во центрите за култура од 13 часот.

– Интензивната јавна расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата на крајот од оваа година, соопшти Министерството за култура, кое дискусиите ги организира во партнерство со граѓанските здруженија Култ-Транзен и Јадро и во соработка со граѓански здруженија од самите градови.

Учесници се претставници од Министерството за култура, работната група за предлог-стратегијата, Советот за култура, од локалната самоуправа, како и претставници на локалната независна сцена, граѓански здруженија и истакнати уметници и културни работници.