Јавна дисусија за реформите во медиумскиот сектор

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе се одржи јавна дискусија за реформите во медиумскиот сектор.

Целта на дискусијата, како што информираат од МИОА, е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.

Воведни излагања на дискусијата ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Предлог законските измени ќе бидат сублимат на потребите и стручните ставови на медиумските експерти, новинарите, медиумските асоцијации, граѓанското општество и меѓународната заедница.

Освен претставници на медиумски здруженија и асоцијации, како и институции,  јавната дискусија ќе биде отворена и за граѓаните.