Изложба „Охридски филиграни“ во Софија

Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска.

Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубави занаети кој се одржал низ вековите. Таа создава исклучителни, уникатни и оригинални дела кои се типични за Македонија. Со нејзините креации таа ја негува традицијата, културата и македонското наследство.

Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец – во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини, зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во многу градови низ Македонија