Изложба на значки од најмалиот етномузеј во село Џепчиште

Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложба на значки (фалеристика) во организација на Најмалиот етномузеј од село Џепчиште, Тетовско.

На седумдесетина грба ќе бидат презентирани околу 10.000 значки и триесетина бронзени плакети.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата до 19 мај.