Изложба на „Стара битолска архитектура“

Во Битола е отворена изложба на цртежи од ликовниот уметник Панде Петровски насловена „Старата битолска архитектура“.

Изложбата ја организира Центарот за култура – Битола, а станува збор за избор на дела работени и мотивирани од старите градби на Широк Сокак, старата битолска чаршија, градскиот часовник и други препознатливи објекти од градот.

– Изложбата е мојот завет за Битола, мојата љубов искажана преку мојот занает и знаење кое сум ги стекнал во повеќедецинското работење и посветеност. На цртежите регистрирано е едно време кое постепено исчезнува, објекти кои претставуваат антологиски бисери во нашата ликовна уметност и нашата историја, истакна авторот Петровски.

Изложбата е отворена во рамки на придружните манифестации на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ што ќе се одржи од 29 јули до 1 август во Битола.