Изложба на млади научници по повод Светскиот ден на науката

Во струмичката гиманзија денеска е отворена изложбата на наградените проекти на млади истражувачи – иноватори од основните и средните училишта од Македонија, организиран по повод Светскиот ден на науката.
Наградените ученици велат дека постои интерес за наука и за иновации.
– Го освоив првото место на републичкиот натпревар по Народна техника во областа на агротехниката. Мојот проект е четиридимензионално прозиводство печурки. Односно, сакав да докажам дека е погрешна производствената логика за производство само на печурки. така, ако произведуваме пчленица, нивниот отпад е совршен за производство на печурки, тој пак одпад заедно е добар за фармите каде се создава црв, кој пак тој отпад го разградува, објаснува Маја Стојанова, средношколка од Гевгелија.
И менторите се задоволни од интересот кај учениците.
– Има многу голем интерес кај учениците, а особено е важно што станува збор за иновативни проекти. Така во нашето училиште успеавме да освоиме многу награди и во делот на еко-хемијата, селкцијата, фармацијата, рече Јасмина Цамбулева, професор по стручни предмети во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.
Ова е ревија на дел од елитата млади истражувачи, истакна проф. д-р Љубица Каракашова, претседател на Сојузот на млади истражувачи при Народна техника.
– Тука можете да видите дел од елитата и нивните наградени иновативни проекти. имаме различни теми од искористување на отпадокот во земјоделското производство, имаме иновации во областа на електрониката, во областа на добивање здрави прозиводи на природна база, рече проф.Каракашова.
Градоначалникот Коста Јаневски на отворањето на изложбата посочи дека во Стратегијата за образование на Општина Струмица е наведено дека образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните.
– Во овој контекст општина Струмица се грижи за унапредување на развојот на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовниот процес и превзема иницијативи за поттикнување на креативноста на учениците, доусовршување и развивање на способностите на учениците низ воннаставни форми. Унапредување на просторните и материјалните услови за воннаставни активности, зајакнување на капацитетите на учениците за лична одговорност и критичко мислење и јакнење на свеста кај учениците за општествените вредносни норми и за општествената одговорност, рече Јаневски.
Ревијалната изложба на наградените изуми и иновации ја организира Сојузот на млади истражувачи и иноватори, поддржана од Министерството за образование и наука, Народна техника и Општина Струмица.