Изложба на фотографии „Интровертност“ од Влатко Деков

Изложба на фотографии „Интровертност“ од Влатко Деков денеска ќе биде отворена во кафулето Концепт 37 во Скопје.

Серијата фотографии се настанати летото 2016 и 2017 година на тема „интровертни луѓе“.

Според авторот Влатко Деков, станува збор за мал личен придонес во претставување на светот на интровертните луѓе, фотографии снимени во неколку европски градови, но претежно на португалските плажи, некаде помеѓу Лисабон и Порто.

Изложбата ќе биде отворена до 23-ти октомври.

„Интровертност“ е дел од серијата колаборативни настани на Concept 37 и Paratissima Skopje кои имаат за цел презентирање дела на домашни уметници.