Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Будење“ преку која Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

По изложбите „Сите бои на љубовта“ и „Наречи ме љубов“, ова е трета изложба посветена на децата со аутизам.

–  На ликовните работилници организирани во соработка со здружението „Во мојот свет“, ПОУ ,„Иднина“, Македонското научно здружение за аутизам и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби дечињата изработија уникатни ликовни творби и го покажаа нивниот огромен творечки талент. Овие творби се одраз на нивната душа, тие не учат за љубовта. Различни, а сепак толку исти, во несовршеноста е убавината, велат од Националната галерија.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април.