ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЃОРЧЕВСКА

По освојувањето на второто место на Фјучрс турнирот во Тунис, македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласираше 182 место на ВТА листата, што е историски успех на една македонска тенисерка.

Најдобар пласман на Ѓорчевска на ранг-листата досега беше 187 место, но пласманот во финалето на турнирот во Тунис и донесе дополнителни 20 бодови и напредок на ВТА листата од пет места.

И на ранг-листата во двојки, нашата тенисерка забележа напредок, па сега се наоѓа на извонредното 134 место.

На врвот на листата нема поголеми промени. На првото место е Серена Вилијамс, а веднаш по неа Анџелика Кербер. Следуваат Каролина Плишкова, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.