ИСТОРИСКИ ПЛАСМАН НА ЃОРЧЕВСКА

Најдобрата тенисерка на Македонија, Лина Ѓорчевска, на најновата ВТА листа го зазема 171. место, што е нејзин најдобарв пласман во кариерата. Но, не е тоа само нејзин пласман, туку и воопшто најдобар пласман што една македонска тенисерка го имала во историјата на македонскиот и светскиот тенис. Од последното рангирање, Лина напредуваше цели 8 места, а напредок забележа и во двојки, 128. место.

Попладнево Ѓорчевска ја очекува својата противничка во квалификациите за Ролан Гарос, што е нејзино трето учество на еден од Грендслем турнирите во светот. Претходно учествуваше во квалификациите за УС Опен и Австралија Опен.