ИСТОРИСКА СЕЗОНА НА ВАРДАР

По освојување на првото место во СЕХА лигата, за прв пат ракометарите на Вардар се најдоа и во завршницата на Лигата на Шампиони или популарниот Фајнал-фор. Во два меча, тие го совалаа Фленсбург, победија и во Германија, и во Скопје (35-27) и за прв пат во својата историја го минаа четвртфиналето.

– Конечно сме на Ф4. Би сакал да кажам дека сум горд на играчите кои се актуелни во Вардар, меѓутоа и да им заблагодарам на сите кои претходно го носеа црвено-црниот дрес како Тоскиќ, Прибак, Чипурин и т.н. Фленсбург е одличен тим и за да го совладаш треба се да направиш како треба. На вакви натпревари нема импровизација. Ние одигравме без грешка и еве конечно сме на Фајнал-форот. – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Ждрепката за полуфиналето е на 2 мај во Келн, а натпреваритен ѓе се играат на 3 и 4 јуни.