Татко од Скопје вчера во полиција пријавил дека исчезната е неговата 15 годишна ќерка која од пред 2 дена не се вратила во нивниот дом, соопштија од полицијата.

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица во Кисела Вода, Н.З. (46) од Скопје пријавил дека на 17.03.2017 година околу 18,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна малолетна ќерка”, известија од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.