ХРВАТОТ КОВАЧЕВИЌ ВО РАБОТНИК

Хрватскиот интернационалец, Лука Ковачевиќ, е најновото засилување на Еурофарм Работник. Македонскиот прволигаш, со Ковачевиќ се засили на бековската позиција, на која што беше “потенок”, а се чини избра вистински човек. Имено, Ковачевиќ е висок 197 сантиметри, со интернационално искуство, кој во Битола доаѓа од норвешката екипа Викинг.

Хрватот кој има 25 години, своите ракометни почетоци ги има направено во Замет, а интернационалната кариера ја продолжи во Арендал елите а потоа во Викинг. Се работи за хрватски репрезентативец до 18 години кој освои сребрен медал на Медитеранските игри, а на Младинските игри со Хрватска освои бронза.

За Еурофарм Работник ова е второ засилување, откако претходно во екипата дојде црногорскиот кружен напаѓач Чампар.