ХЕРЕМ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР

Норвешката репрезентативка, Камила Херем и “Вардар” спогодбено го раскинаа договорот според кој левото крило на норвешката селекција требаше две години да ги брани боите на нашиот клуб. Сепак на барање на Херем, договорот ќе биде раскинат, таа ќе може да замине, а извршниот директор на клубот, Давор Стојановски вели:

– На барање на ракометарката договорот е спогодбено раскинат. Таа изрази желба да се врати во татковината. Ние ја почитуваме нејзината желба и и посакуваме успех во понатамошната кариера.

Херем во Вардар дојде на почеток на сезоната, како засилување на левата крилна позиција. Во Лигата на шампиони постигна 33 погодоци.