ГРАДСКО ДЕРБИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Реал од Мадрид ќе се сретне со Атлетико од Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампиони, а Монако ќе му биде домаѓин на Јувентус.

Ждрепката сакаше минатогодишните финалисти Реал и Атлетико оваа сезона да се сретнат во полуфиналето. Домаќин на првата средба ќе биде Реал. Овогодишното изненадување во ова натпреварување, Монако, како противник го доби италијанскиот фудбалски гигант, Јувентус.

Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај.