Градоначалникот Јанчев се сретна со работниците од „Фени” кои протестираа против стечај на компанијатај

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев се сретна со работниците на „Фени индустри” кои денеска протестираа пред неколку филијали на банки поради покренато барање за стечајна постапка.

– Тие изразуваат револт. Се видов со нив заедно со пратеникот Панчо Минов. Мислам дека е позитивно што во преговорите е вклучен вицепремиерот Анѓушев, премиерот Заев и мислам дека за скоро време ќе се најде соодветен начин таа фирма да продолжи со работа, да се најде нов инвеститор, нагласи Јанчев.

Рече дека има информација оти и банките кои се најголеми доверители со повеќе од 42 милиони евра се добро расположени и сакаат да се најде нов инвеститор и фирмата да не оди во стечај.

– Се надевам дека Владата заедно со Парламентот ќе изнајде некое преодно соодветно решение додека се најде инвеститор, за да може потоа да се стартува со производство и вработените да немаат прекин во работниот однос, рече Јанчев.