ЃОРЧЕВСКА ЗАГУБИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска не успеа да се пласира во полуфиналето на Фјучерсот вреден 25000 долари, кој се игра во Киасо, Швајцарија. Таа во поединечна конкуренција загуби од тенисерката од Лихтенштајн, Катинка Вон Дајхман со 1-2 во сетови( 3-6, 6-0, 2-6).

Убав успех нашата тенисерка направи  во игра во двојки. Имено, таа и нејзината партнерка, Александра Најденова, ја совладаа домашната двојка Илена Ин-Албон/Карин Канеп со 2-0 во сетови (6-3, 6-2) и се пласираа во полуфиналето.

За пласман во финалето Ѓорчевска и Најденова ќе треба да ги совладаат Миртил Жорж од Франција и Тес Суњо од Швајцарија