ЃОРЧЕВСКА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска се пласираше во полуфиналето на Фјучрсот во Тунис, што се игра за награден фонд од 60 000 американски долари. Во четвртфиналето таа ја совлада шпанската тенисерка Силвија Солар-Еспиноза со 2-1 во сетови (4-6, 6-1, 6-2).

Шпанската тенисерка поведе со 1-0 во сетови, но во следните два Ѓорчевска заигра извонредно и успеа да го добие мечот.

Во полуфиналето нашата тенисерка ќе се сретне со победничката од мечот меѓу Катарина Кава од Полска и Петра Мартиќ од Хрватска.