ЃОРЧЕВСКА СУПЕРИОРНА ВО РИМ

Лина Ѓорчевска се пласираше во четвртфиналето на Фјучрс турнирот во Рим вреден 25000 долари, на кој стартуваше како втора носителка. Во осминафиналето Лина експресно и супериорно ја елиминираше Романката Габриела Дука со 2-0 во сетови (6-0, 0-0) за само 51 минута игра.

Најзина следна противничка ќе биде подобрата од осминафиналниот дуел меѓу шестата носителка, Сегуел од Кина и Грузијката Горгодзе.