ЃОРЧЕВСКА ОЧЕКУВА ПРОТИВНИК

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска се пласираше во второто коло на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија, вреден 250 000 долари.

Во игра во двојки, Лина и нејзината партнерка, русинката Анастасија Комардина, обезбедија пласман во второто коло, откако нивните противнички Мартенс и Вотсон, го предадоа мечот без борба.

Противнички на Ѓорчевска/Комардина во второто коло ќе бидат победничките од дуелот меѓу поранешната тенисерка број еден во светот, швајцарката Мартина Хингис и нејзината сонародничка, Тимеа Башчински, и двојката Маркинчевица/Витхофт.