ЃОРЧЕВСКА НЕЗАПИРЛИВА НА ВТА ЛИСТАТА

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорчевска незапирливо напредува на ВТА листата. На најновото рангирање, таа го зазема 180 место во светот, што е најдобар успех во историјата на македонскиот женски тенис. Мора да се напомене дека на овие 300 бода, со кои Лина се најде на 180 позиција во светот, ќе треба да се додадат и бодовите кои ги освои на турнирот во Рим, со што нејзинито напредок ќе биде уште поевидентен, а местото на ранг-листата уште подобро.

Следен настап на Ѓорчевска се квалификациите за престижниот Ролан Гарос во Лондон.