ЃОРЧЕВСКА ЕКСПРЕСНО ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска, се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот вреден 25000 долари, кој се игра во Кијасо, Швајцарија.

Во второто коло, Ѓорчевска експресно, во два сета (6-2, 6-3) ја совлада домашната тенисерка, Клара Грим. Во следниот меч, нашата тенисерка ќе се сретне со тенисерката од Лихтенштајн, Катинка Вон Дихман.

Во игра на двојки, Ѓорчевска и нејзината партнерка Александра Најденова денеска ќе се сретнат со швајцарската двојка Ин Албон/Кенеп.