ЃОРЧЕСКА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на “фјучрсот”  вреден 25 000 долари, што се игра во Денаин, Франција.

Во четвртфиналето нашата тенисерка експресно и мошне убедливо ја совлада својата противничка, јапонката Кихиро Мураматсу со 2-0 во сетови (6-3, 6-1).

Во полуфиналето Ѓорческа која е прва носителка на турнирот ќе се сретне со победничката од дуелот меѓу Арчамдоли и Алби.

Натпреварот е на утрешната програма.