ЃОРЧЕСКА НЕ УСПЕА ДА СЕ КВАЛИФИКУВА

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се квалификува во второто квалификациско коло на Вимблдон. Со 0-2 во сетови (4-6, 4-6) таа загуби од србинката Александра Круниќ и е елиминирана од понатамошните натпревари.

Дваесет и четиригодишната србинка, беше најнепосакуваната противничка за нашата тенисерка, но среќата при ждребањето не и беше наклонета и ја доби токму неа.

Инаку за каква противничка се работи, зборува и фактот дека Круниќ е 99 на ВТА листата, дека на последните пет Грен слем турнири е редовна учесничка, а минатата година на Вимблдон не само што ги мина лесно квалификациите, туку стигна и до третото коло. Сепак ова е добро искуство за нашата тенисерка, за која очекуваме голем напредок во идните големи турнири.